Press "Enter" to skip to content

Кадетките на Топ гол трети на “Куп на Карневалот 2019“ во Струмица

Кадетска женска екипа на Топ гол овој викенд учествуваше на меѓународниот фудбалски турнир  “Куп на Карневалот 2019“ во Струмица.

Покрај битолската екипа на овој турнир учествува и екипите од Пловдив, Бургас и Софија од Р. Бугарија како и домашните екипи на Тиверија и Миравци, а кадетките на Топ гол го освоија третото место.

-Ова е наше второ учество на на овој турнир, за два дена одигравме пет натпревари со доста квалитени екипи од Бугарија. Искуството што го стекнавме на овој турнир е најголема резултатска добивка. За краток период учествуваме на уште еден силен турнир па ќе мора силно да се подготвиме, изјави тренерот на Топ гол, Наташа Тодоровска.

More from СпортMore posts in Спорт »