Press "Enter" to skip to content

Филип Кузмановски е спортист на Битола за 2018 според Сојузот на спортови (фото)

Најдобра сениорска екипа е екипата на Еурофарм Работник, а доделени беа и три посебни признанија за ветерани.

Вечерва во хотелот “Бела куќа“ се одржа традиционалниот избор на Спортист на Битола за 2018 година во организација на Сојузот на спортови и Општина Битола, манистација која по 55. пат се одржува.Ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Кузмановски,  е најдобриот спортист за 2018 година, за настапите на ЕП во Хрватска, се квалификува со Еурофарм Работник за групната фаза на ЕХФ Купот и презими како есенски првак во Суперлигата.

Покрај Кузмановски во десетте најдобри се:

2. Борче Стојановски (Боди-билдинг клуб Сити Џим)
3. Ана Ивановска (СК РЕК Битола)
4. Горан Тромбев (Боди-билдинг клуб Алфа фит)
5. Никола Бубевски (Кик-бокс клуб Енерџи)
6. Изабела Димовска (ОК Пелистер волеј)
7. Филип Чурлевски (РК Еурофарм)
8. Филип Божиновски (Кик-бокс клуб Нинџицу)
9. Габриела Величковска (ЖРК Пелистер)
10. Александар Најдовски (БК Пелистер)
10. Нора Мемедова (КК Пелистер)
10. Олгица Стојановска (Фитнес Сити Џим)
10. Елеонора Димковска (КГС Партизан)
10. Спасе Петровски (АК Олимп).За најдобар клуб за 2018 година е прогласен ракометниот клуб Еурофарм Работник, пред битолските клубови, ЖРК Пелистер и БК Пелистер.Оливера Наковска-Бикола пак е најдобар спортист со инвалидитет, а признанија добија и ветераните Томислав Јурак, Александар Грбевски и Бранко Дуковски. 

More from СпортMore posts in Спорт »