Press "Enter" to skip to content

Филип Кузмановски, спортист за 2018: не е мала работа да бидеш во 55 најдобри спортисти на Битола

Филип Кузмановски, ракометарот на Еурофарм Работник, е спортист на Битола за 2018 година, а дека неговиот избор од страна на Сојузот е заслужен зборува и големиот аплауз кој го доби на доделувањето на големиот пехар и бројот на фотографии кој ги направи со присутните на изборот.

За признанието кое му е доделено, спортист на Битола за 2018 година, Кузмановски рече:

-Кога ми соопштија дека сум избран за спортист на Битола на организаторите им соопштив дека ми е мило и им се заблагодарив, бидејќи не е мала работа да си спортист во својот град и да останам запишан во спортската историја на Битола меѓу 55 добитници кои се досега избрани. Што се однесува до годината која измина можам да кажам дека имав одлична 2018 година, и со репрезентацијата и со Еурофарм Работник каде успеавме да се квалификуваме во групите на ЕХФ Купот, што ни беше основна цел. Сега треба да не ја изневериме публиката и в недела против Нексе да покажеме борбеност и машка игра. Верувам дека и 2019 година ќе ми биде вака успешна.

More from СпортMore posts in Спорт »