Press "Enter" to skip to content

Борче Стојановски, само професионална работа дава резултати

Втор на листата на избор на спортист на Битола за 2018 година беше Борче Стојановски, кој лани зад себе остави многу успешна година.

За ланските успеси и признанијата Стојановски од боди-билдинг клубот Ситу џим по изборот рече:

-Изборот на најдобрите спортисти на Битола во кој се најдоа професионалци во спортот покажа дека само со посветена работа се стигнува до целта. Мило ми е што бев тука со ракометарот Кузмановски, стрелачката Ивановска, кои како и јас имаат меѓународни успеси, а секако има и други кои постигнаа одлични резлтати. Лани бев апсолутен првак на Македонија и учесник на силен меѓународен натпревар во Шпанија. Се надевам дека оваа година ќе ги повторам успесите, а секако целта е да ги подобрам резултатите.

More from СпортMore posts in Спорт »