“Мала искра за голема магија“ во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин, во Битола. Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак и оваа година активно работи на уште еден хуманитарен проект, во заводот кој врши специјалистичко-консултативна здравствена заштита според медицински индикации. Станува збор за реновирање на 8 плафони во тоалети, реновирање на 8 предпростори за училниците и санирање на дефекти на инсталации во тоалетите.При поставувањето на овие плафони наидовме на проблем со протекување на инсталациите па извршивме санирање на истите. Што се однесува до подовите се врши комплетно отстранување на стариот дрвен под кој е доста оштетен и поставување на ламинат со лајсни во истите.
Особена благодарност за нашите спознори, поддржувачи и пријатели, “СН Осигурителен Брокер“, “СН Финансии“, “Стентон Градба“ кои што помогнаа овој проект да биде успешно реализиран.

Ротаракт Клуб Широк Сокак со хуманитарен проект во Заводот “Кочо Рацин“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчанка измамила лице од Тетово да и даде лична карта и трансакциска сметка, а потоа му подигнала брз кредит
- Злато за Даниел Зхоу Главевски, студент на УКЛО Битола на Државното Универзитетско Првенство во пинг-понг 2025
- Претседателот на ФФМ во посета на Битола: Сѐ мора да биде совршено за Македонија – Италија У21
- СВР Битола: семејно насилство и агресивно однесување кон полицајци, физички напад, нарушување на јавниот ред и мир
- Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина