Уште за две големи засилувања е побогат тимот на ракометниот клуб Пелистер од кој се очекува да го подигнат нивото на играта и да бидат од значење за Пелистер во најважните натпревари оваа сезона, пресметките во плеј-офот.
Десното крило Александар Гуглета и голманот Даниел Ѓорѓески, денес ги потпишаа договори со битолскиот лигаш, претставуван од Сашо Шамбевски. Двајцата веќе од вчера му се насполагање на тренерот Јошко Петровиќ.
Гуглета ќе го носи дресот со број седум, додека Ѓорѓески ќе се бори за место меѓу стативте со Плех и Јовановски, а и двајцата имаат големо ракометно искуство и освоените трофеи со нивните претходни клубови како во националното првенство, така и во регионалната СЕХА-лига и Лигата на шампионите.