Press "Enter" to skip to content

Велосипедската трка “Трофеј Битола“ в недела со старт пред спортската

Велосипедскиот клуб “15 Мај“ заедно со Велосипедската федерација на Македонија и Општина Битола в недела ќе организира велосипедската трка “Трофеј Битола“.

Стартот на трката ќе биде пред спортската сала “Боро Чурлевски“, а официјалниот старт че биде во 12 часот, а претходно во 11.30 часот ќе се тркаат пионерите, како претходница на официјалниот дел.

Покрај пред-стартната трка за пионери, ќе се возат и четири категории во конкуренција на кадети (30 минути), мастерс (40 минути), јуниори (50 минути) и сениори (60 минути)

Велосипедскиот клуб “15 Мај“ го соопшти и правилата по кои ќе се натпреваруваат учесниците, кои се заради безбедност на учесниците. Велосипедистите  ќе мора да возат со заштитна опрема, кацига и исправен велосипед. Потоа секој велосипед треба да има тркала од 28 инчи, управувачот да не биде поширок од 50 сантиметри.

Покрај учесниците кои ќе се натпреваруваат во официјалниот дел организаторот очекува и дваесетина кои ќе возат рекреативно.

Ваква трка за прв пат се одржа лани спроти празникот 4-ти Ноември, исто така во Градскиот парк.

More from СпортMore posts in Спорт »