Press "Enter" to skip to content

Лесна победа на Пелистер против екипата на Шкупи (фотогалерија)

Пелистер – Шкупи 122:82

Спортска сала “Боро Чурлевски“, 

Гледачи: 300

Судии: Павлов, Таевски и ОгненовПелистер: Арсовски 20, Давков 7, Билер 25, Богдановски 20, Харис 26, Захариевски 2, Атанасовски 4, Трајковски 6, Голубовиќ, Трсунов, Обедниковски 5, Горгиевски 7.

Шкупи: Мустафа 10, Стојменов, Ташков 21, Димитриевски 9, Хот 21, Колев, Мифтари, Велевски 14, Горгиевски 5, Саити 2, Шаини.

Екипата на Пелистер поради зафатеност на спортската сала “Боро Чурлевски“ први ограа во рамките на 16. коло на кошаркарската Суперлига, а на домашен терен ја пречекаа екипата на Шкупи.“Пелистерци“ славеа убедлива победа против Шкупи со 122:82 и ја запиша третата победа оваа сезона.Само по пет минути од средбата првата петорка на Пелистер направи разлика од 10 поени, 17:7, а првата чевртина заврши со убедлици 39:17. Потоа тренерот Тодоровиќ им даде шанса да сите да играа и да се докажат за идните средби кои ги очекуваат.Вториот дел од средбата започна со 59:47, а и помладите кошаркари не дозволија екипата на Шкупи да дојде до разлика која ќе се размислува за победа.Најефикасен кај победничкиот тим беше Тирон Харис со 26 поени, а Габриел Билер застана на 25 поени.

 

More from СпортMore posts in Спорт »