Press "Enter" to skip to content

Битолчани убедливи на “мастерс“ вело-трката “Трофеј Битола, која се возеше во Градскиот парк (фотогалерија)

Во Градскиот парк во организација на велосипедскиот клуб “15 мај“ заедно со Велосипедската федерација и општина Битола се одржа првата годинашна велосипедска трка. На обележатата патека во градскиот парк се појавија педесетина велосипедисти од различни категории.Пласирани на трите победнички места во последната трка, во категоријата “мастерс“ се тројца битолчани кои се редовно на велосипед и се пример за сите нас, да споруваме, да водиме здрав живот.Првопласиран во највозрасната категорија е Златко Гецовски, на второ место Љупчо Глигоросвки, а на трето место Миле Силјановски, сите тројца членови на битолскиот велосипедски клуб “15 мај“.-Сакаме тројцата битолчани да бидат пример за сите вљубеници на велосипедизмоти да бидат мотиворачи за сите кои рекреираат и спортуваат на “точак“. Ние сакаме да помогнеме да се зголеми масовноста на користење на велосипеди кај сите генерации, од најмали до највозрасни. Оваа трка да биде само еден повод повеќе за тоа, а очекуваме поголема соработка со сите училишта во Битола, бидејќи сите сме свесни за корисноста од возењето “точак“, вели Африм Јусуфи.Најмлад учесник беше Сара Саздова, а во категорија “хоби“ прво место освои Мартин Бушиновски, второ Андреј Прчков, а на трето се пласира Марио Темелковски.За жал на гледачите кои беа во Градскиот парк во другите категории, јуниори и сениори, немаше пласирани битолчани. 

More from СпортMore posts in Спорт »