Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник погоди 47 пати против младинците на Борец, како на полесен тренинг

Еурофарм Работник – Борец 47:13 (24:4)

Еурофарм Работник: Трајкоски, Ојлески, Николовски, Петровски 2, Талевски 3, Радовиќ, Каковски 14, Мемиќ, Кукоски 1, Крстевски, Мандиќ 10, Бардакоски, Граџан 3, Ѓукиќ 1, Блажевски 13, Ф. Кузмановски
Седмерци: 2/2, исклучувања: 4 минути

Борец: Митревски, Митушев 1, Стојанов 7, Мазнев 1, Атанасовски 3, М. Кузмановски, Дамевски, Ристевски 1, Мартинов
Седмерци: 4/4, исклучувања: 4 минути.Пролетниот дел од Суперлигата есенскиот првак Еурофарм Работник го започна со лесна победа против Борец со 47:13 и беа тотално надиграни од фаворитот. Еурофарм Рабонтик беше без речиси цел тим што играше против Нексе во ЕХФ Купот.

Еурофарм Работник доминантно играше а резултатот се движеше од 6:0 по десет минути, па 12:2, 20:3, а на полувреме 20:4. По 10 минути во второто полувреме беше 35:9, а на крај 47:13.

Најдобри кај Еурофарм Работник беа Каковски со 14, Блажевски со 13, како и Мандиќ со 10 гола, сите тројца младински ракометари, бидејќи тренерот Алушевски ги одмори клучните ракометари и им даде шанса на помладите.

Еурофарм Работник утре во 16:30 часот го игра заостанатиот натпревар против Прилеп.

More from СпортMore posts in Спорт »