Почитувани пријатели на скијањето и корисници на нашите услуги.
Ве известуваме дека поради зголемувањето на дневните температури кои предизвикуваат топење на снегот, одлучивме овие денови ски-лифтовите да не работат во термините за дневно скијање. Во овие денови ќе се потрудиме да ги поправиме ски патеките и технички ги сервисираме ски-лифтовите.
Со скијање продолжуваме на 07.03.2019 година во четврток од 19.00 до 22.00 часот со ноќно скијање.
За викендот се надеваме ќе продолжиме вообичаено да работиме, за што ќе ве информираме благовремено, како заеднички би ја привршиле оваа успешна и долга сезона на задоволство на сите нас.






