Press "Enter" to skip to content

Општина Новаци се збратими со турската општина Караџасу, Ајдин (фото)

Во четиридневна посета на градот Ајдин, Република Турција престојува делегација од општина Новаци предводена од градоначалникот Љубе Кузманоски и претседателот на Советот на општина Новаци, Наумче Смилевски.

За време на посетата на Република Турција, градоначалникот Кузманоски потпиша Декларација за збратимување на општина Новаци со општината Караџасу.-Областа Ајдин е место каде што живеат голем број на иселеници од Македонија, поради тоа беше донесена одлука за збратимување од страна на Советот на општина Новаци, како и Советот на општина Караџасу од Турција, со што денеска формално со мојот колега г-динот Мустафа Бујукјапиџи потпишавме Декларација за збратимување на нашите општини. Општините ќе соработуваат на економски, културен и спортски план, како и во други области од општествениот живот, изјави Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.Во обраќањето пред присутните гости, градоначалникот на општина Караџасу, Мустафа Бујукјапиџи, се осврна на основните постулати во Декларацијата за збратимување помеѓу двете општини за градење и унапредување на взаемните односи, размена на искуства и широка соработка на полето на културата, економијата, младите и спортот, како и подготовка и аплицирање на заеднички проекти и нивно финансирање од фондовите кои се достапни.