Press "Enter" to skip to content

Фото вест: СВР Битола им подели цвеќе на совесните жени-возачи и пешаци

По повод денот на жената 8 ми Март –Отсекот за превенција заедно со Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, денес на повеќе локации реализираа сообраќајно-воспитна акција, каде беа опфатени возачи од понежен пол и пешаци кои правилно ја преминуваат улицата на пешачки премин. На совесните жени, возачи и пешаци кои ги почитуваат сообраќајните правила сообраќајната полиција им подели цвеќиња, по повод Меѓународниот ден на жената.