Press "Enter" to skip to content

“Цветот нема цена, радост е за секоја жена“ – еко акција во еко куќичката (фото)

Во пресрет на Денот на жената, еколошка работилница на учениците од III-5, дел од ученици од VI и VIII одделение и во соработка со ЈП “Комуналец“, кое ја стави на располагање својата просторија- Еко центар Битола (попозната Куќичката на Дедо Мраз).Учениците од пластични шишиња изработуваа цветови кои беа наменети за битолчани кои сакаат да поклонат цвет од реупотребен материјал.  Децата беа среќни со својата активност, граѓаните пријатно изненадени и воодушевени од изработките.Благодарност до сите кои не подржаа и Среќен 8.Март, искажаа 0дговорни наставници Билјана Печипајковска (одд. наставник) и Анкица Стевановска (наставник по ликовно образование) од ОУ “Св.Климент Охридски“ – Битола.