Environment online (ЕНО) е глобална мрежа на училишта и веб-заедница за одржлив развој основана во 2000 година во Финска и во неа учествуваат повеќе од 10.000 училишта од 150 земји.-ОУ “Даме Груев“, во соработка со ЈП “Комуналец“ оваа година е дел од акцијата која трае од 06 до 13 Март, Envirate Week, а целта на истата е здрава и еколошка животна средина. Во акцијата учествуваа учениците, членовите наставници од Еко одборот и директорката м-р Роза Јовановска, ни рече еко-координатор, Снежана Тодоровска, која искажа и Благодарност до ЈП “Комуналец“ за донацијата на садниците со чија помош и поддршка успешно ја реализираа акцијата.
Темите за заштита на животната средина се изучуваат во текот на учебната година и кампањите се организираат истовремено низ целиот свет. ENO Schoolnet работи заедно со образовни и еколошки организации и мрежи низ целиот свет. Envirate понуди мобилна апликација за следење на животната средина и регистрирање дрвја засадени во ЕНО од септември 2018 година.

ОУ “Даме Груев“ дел од “Envirate Week“ која се спроведува истовремено со 150 земји (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ѓуро Илиќ мајсторот по боречки спортови од Битола, по 50 години тренерска кариера, ја доби титулата самурај (фотогалерија)
- Јубилеј Ѓуро Илиќ 50 години тренерска кариера – “Да се биде подобар од вчера“
- Аквизиција на Стопанска банка АД Битола
- На УКЛО Битола одржан УКЛО Колорс ден 2025
- Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до