По неколку години мирување на трибините и немање на вистинска навивачка “пресметка“ вечерва во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“, на натпреварот Пелистер – Струга имаше две навивачки групи.
На едната страна навивачите на Пелистер – “Чкембари“, а од друга страна навивачите на Струга – “Паткари“.
Двете навивачки групи ја разубавија спортската сала “Боро Чурлевски“, а од двете страни имаше коректно навивање на двете екипи.
По завршувањето на натпреварот двете екипи се упатија кон својата публика и го добија заслужените аплаузи.
Во спортската сала имаше околу 1.000 љубители на ракометот.

По неколку години навивачка “пресметка“ во салата, “Чкембари“ – “Паткари“ (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок





