Press "Enter" to skip to content

Ротаракт “Широк Сокак“ и “ПроКредит“ банка донираа во Клиничката болница

“ПроКредит“ Банка преку ротаракт клуб “Широк Сокак“ донираше канцелариски мебел во ЈЗУ Клиничка болница “Д-р Трифун Пановски“, Битола на одделот за Гинекологија и Акушерство и Неонатологија и тоа дванаесет шкафови, четири метални конструкции за чување на лекови и масичка. Вредноста на донацијата се проценува на 3.000 евра. 
За младите ротаријанци од Ротаракт клубот “Широк Сокак“ оваа е втора донација на одделението за гинекологија и акушерство и неонатологија. Донацијата беше во вредност од 1.300 евра односно 80.000 денари и се состоеше од постелнини, и тоа јоргани, перници, заштитници за душеци, крпи со висок квалитет.