Press "Enter" to skip to content

Стартува второлигашката сезона, Пелистер со засилувања, Крстески очекува позитивен резултат

Со натпреварот против екипата на Влазрими, на градскиот стадион под Тумбекафе, екипата на Пелистер го започнува пролетниот дел од Втората лига –запад. Во оваа пролетна полусезона Пелистер влегува со најповеќе засилувања во изминатито зимски преоден рок. Во Пелистер дојдоа: браќата Љамчевски, Ганче, Марковски, Трајчевски, Шопоски, Василев, Петковски.

Тренерот Дарко Крстески за подготовките и стартот на сезоната рече:

-Јас кажав дека бев изненаден, во позитивна смисла, од Управата на клубот, која доведе квалитетни засилувања во Пелистер на повеќе позиции. Овој квалитет кој сега го имаме се одрази на квалитетот на подготовките, бидејќи сега на секое место има конкуренција во тимот и секој се труди да се докаже. Се работеше добро, иако стартот беше на многи студено време, сепак стигавме да одработиме се според планот. Имавме и пријателски натпревари и сега добро подготвени влегуваме во битката за бодови.

За амбициите на клубот, тренерот Крстески вели:

-Знаете во каква состојба беше Пелистер пред неколку месеци, а тоа не треба да го забораваме. Прво да се стабилизараме на табелата на безбедно место и да ја чекаме шансата за да атакуваме кон врвот.

Околу составот на тимот за денешниот старт и средбата со Влазерими, Крстески додава:

-Пелистер сега има поквалитетен клуб, па така очекувам и подобра игра на терен што ќе донесе и позитивен резултат. Составот на првите 11 кои ќе старуваат денен под Тумбекафе е одреден, но имам секако и некои мали дилеми кои денес ќе им соопштам на играчите.

Натпреварот почнува во 14 часот на стадионот, а Управата, тренерот и фудбалерите очекуваат поддршка од публиката на стартот на пролетниот и најавата за нов Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »