Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец поседувал нелегално два пиштоли, кражба во продавница за техника

СВР-Битола поднесе кривична пријава  против А.Ј. (54) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“ по чл. 396 ст.1 од Кривичниот законик. Имено, при претрес во домот на пријавениот пронајдени и одземени се пиштол марка „ЦЗ“ калибар 6.35 мм со рамка со шест куршуми и пиштол–непозната марка калибар 6.35  мм со рамка за истиот со два куршума. Од страна на судија на претходна постапка од Основниот Суд-Битола, на А.Ј. одредена му била мерка притвор во траење од 30 дена.

СВР-Битола А.Н. (31) од Битола пријавил дека во 09,20 часот од продавница за техника едно лице кое го познавал одзело мобилен телефон, а кога пријавителот и неговиот колега сакале да го спречат во намерата, тој се отргнал и го удрил пријавителот по што го напуштил местото на настанот. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.