Press "Enter" to skip to content

Стево Пендаровски, кандидат за престедател на државата, денес во Битола

Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска беше Битола и оствари средби со граѓаните, каде разговараше за иднината, за придобивките од членството во НАТО, што значи тоа за економијата, за сигурноста, за секојдневниот живот.Во духот на денешниот ден, Пендаровски упати силна порака за заедништво и помирување.

-Концептот едно општество за сите повикува на помирување и внатре, интра-етнички. Македонците, како и останатите сограѓани, треба да направат се, да си подадат рака. Да се обединиме во различноста, еднакви, сите заедно, да чекориме напред, кон светла и сигруна иднина. Денеска, утре, задутре, секој нареден ден, рече Пендаровски во Битола.