Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контроли врз возачите и возилата и тоа за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло и алкохол, во сите полициски станици.
Контролирани се вкупно 906 возила и возачи, а кај 15 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
При контролита, констатирано е дека 32 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 16 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.
Кај едно возило е утврдена техничка неисправност, а на 8 возила утврдено е дека се нерегистрирани или се со измината важност на сообраќајните дозволи, 6 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило,а 1 возач извршил неправилно престигнување.
Исто така при контролата откриени се и други 35 видови останати прекршоци.