Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Кога се сака работата, ништо не е тешко

Камерманите и фоторепортерите за да направат добра снимка или фотографија, се доведуваат во опасности, а како самите велат за тоа, ништо не се страшно ако се сака работата.

Еден од битолските примери за тоа е камерманот на ТВ “Тера“, Јовче Талевски, кој сме навикнале да го гледаме во разни ситуации, се со цел професионално да ја изврши својата работа.

А. во таква ситуација се најде во неделата, кога се качи на оградата на мостот на реката Драгор, кај Безистенот, се со цел да “фати“ одличен кадар од “Маршот на животот“, во чест на депортираните битолски евреи.