Press "Enter" to skip to content

Битолчани во мастерс, најдобри на вело-кросот во Кичево (фотогалерија)

Државното првенсто во вело-крос по трката во Битола, пред две седмици продолжи денес во Кичево, каде учествуваа велосипедисти од сите клубови од државата.Битолскиот клуб “15. Мај“ и на оваа трка броеше десетина велосипедисти кои одлично се претставија.Во категоријата мастерс на вело-кросот најдобри беа битолчани кои убедливо ги освоија првите три места.Најдобар беше Влатко Гецовски, второпласиран Миле Стојановски, а на трето место се пласира Љупчо Глигоровски, сите од “15. Мај“.-Имавме дестина велосипедисти, повозрасните кои се пример за помладите повторно се на врвот, а со оглед на тоа како тренираат и помладите треба да ги видиме на некоја следна трка на победничкиот пиедистал, вели Африм Јусуфи, претседател на велосипедскиот клуб “15. Мај“ од Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »