Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 39:30 (24:15)
Вардар Јуниор: Димов 3, Јанковски, Чакалиќ, Кукуловски 11, Карапалевски, Петковски, Ќосевски 1, Анѓелковски 1, Гашовски, Крстевски 4, Трајковски, Анѓеловски, Ѓорѓиев 3, Атанасовски 4, Цветаноски 1, Ставровски
Еурофарм Работник: Чаневски, Трајковски, Ојлески 4, Маркоски 5, Д. Петровски, Пецакоски, Талевски 4, Каковски, Мемиќ, Кузмановски 4, Радовиќ 2, Крстевски 7, Остроушко 2, Бардакоски, Граџан 2, Ѓукиќ 9
Ракометарите на Еурофарм Работник, како го почнаа, така и го завршија регуларниот дел од Суперлигата – со победа и како првопласирани во Супер лигата влегуваат во плеј-офот со 41 бод од 18 натпревари.
Во последното коло ракометарите на Еурофарм Работника ја победија екипата на Вардар Јуниор на нивни терен, со убедливи 39:30.
Битолчани без пораз го завршија овој дел од сезоната на домашната сцена, а имаат само еден нерешен резултат со екипата на Пелистер во Битола.