Press "Enter" to skip to content

Петнасетина германски навивачи, навиваа, се радуваа и прославија со пиво (фото)

На вечерашниот натпревар помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Хановер на трибините во спорската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, имаше и петнаесетина навивачи кои дојдоа заедно со екипата.Облечени во зелено-бели дресови беа на трибините и во текот на целиот натпревар се радуваа на водството на нивните спортски миленици, а на крај им ја честитаа победата.Германците не би биле Германци ако сето тоа не го прослават и со пиво. Пиво се пиеше на трибините кај навивачите на Хановер, а и ракометарите со пиво ја прославија победата во соблекувалните.На крај на средбата “водачот“ на “навивачката група“ на Хановер си подаде рака со домаќините во знак на едно ново спортско пријателство.

More from СпортMore posts in Спорт »