Press "Enter" to skip to content

По водството во првото полувреме пораз на Пелистер од Металург

Металург – Пелистер 28:26 (11:14)

Во првото коло од плеј-офот, по водството од три гола на Пелистер, на гостувањето во Скопје, Металург направи пресврт и стигна до голема победа со резултат 28:26, полувреме 11:14.

И Пелистер и Металург имаа доминација во едно полувреме, а “пелистерци“ започнаа со 3:5 на стартот на натпреварот, а потоа и +3 за Пелистер по серијата од 4:0 кон крајот на полувремето. Пелистер имаше и +5 (7:12), но Металург намали на 11:14 за крај на првиот дел.

Првото израмнување во вториот дел беше 19:19, а потоа завршницата во знак на “металурзите“ за 28:26.

Наификасни во редовите на Пелистер беа Кобетиќ и Станоевиќ со по осум гола.

Во следното коло, Пелистер ќе го пречека Бутел Скопје.

More from СпортMore posts in Спорт »