Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нападнат 50 годишник на Широк Сокак и пронајдени гранати во Лажец и Крклино

Во СВР-Битола Б.Д. (51) од Битола пријавил дека вчера околу 18,00 часот на улицата “Широк Сокак“ бил физички нападнат од две лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Л.А. од с.Лажел, пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол една стара неексплодирана артилериска граната калибар 75мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.
 
Љ.Б. од с. Крклино-битолско, пријавил дека во нива лоцирана на 300 метри од стара Кукуречанска раскрсница, при изведување земјоделски работи пронашол една неексплодирана артилериска граната калибар 155 мм од Првата светска војна. Од страна на пиротехничар од ДЗС, експлозивната направа е подигната за понатамошна постапка.