Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Битолчани за пофалба и пример, завршија работа по Широк Сокак без автомобил

Многу често пишуваме за тоа како без потреба се возат автомобили по Широк Сокак, а при тоа не се води сметка за тоа дека тое е пешачка зона, или дека со автомобилите се оштетуваат плочките или другата урбана опрема.

Но, овие тројца битолчани градски се однесуваа и без употреба на автомобил или друг превоз завршија работа “на раце“ по Широк сокак, без да нешто оштетат или да ми пречат на некој кој живее таму или таму бил по некоја работа или седел во некое кафуле.

Пример кој треба да го следиме сите, а не кога на некој ќе му текне да се развозува по Широк Сокак.