Press "Enter" to skip to content

Научно-стручна дебата на Педагошки: “Надарените и талентираните во студентската популација“ (фотогалерија)

Денес на Педагошкиот факултет во Битола, по повод 25 Март, “ЕУ денот на талентите“ денеска се организира втората по ред, научно-стручна дебата на тема “Надарените и талентираните во студентската популација“, со поднаслов „Одливот на мозоци – нова визуализација на реалноста“.Дебатата е во организација на словенечката амбасада во земјава, универзитетот од Ново Место, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Педагошкиот факултет – Битола.Целта е да се сензибилизира лаичката, посебно стручната јавност за неопходното подобрување на третманот на надарените и талентираните особено во високото образование бидејќи тоа е последната можност пред која може да се разговара и да се убедат дека и во сопствената земја можат да најдат причина за својот академски развој. Присутните на дебатата ги поздрави на почетокот ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Сашо Коруновски, а потоа им се обрати на студентите и деканката на Педагошкиот факултет, Валентина Гулевска.Амбасадорот на Словенија, Милан Јазбец, исто така им се обрати на студентите и на гостите, како рече тој, на еден непосреден начин, на еден јазик кој го говореле познатите словенски писатели.Професорот д-р Љупчо Кеверески од Педагошкиот факултет, како модератор на настанот и еден од организаторите на настанот на почетокот на дебатата рече:-Ние сме предизвикани да ги предизвикаме сите оние што можат да дадат прилог на патот до целта наречена квалитет во образованието. Единствен компромис во потрагата по квалитетот на образованието на надарените и талентираните е тоа што не постои компромис. Крајната цел на дебатата е да даде одговор на прашањата што, кој, кога, како треба да придонесе за развојот на надарените и талентираните со цел нивниот квалитет да биде цел на нашето образование што ќе донесе забрзан општествено, економски, научно-технички и друг просперитет.На средбата беа поканети деканите и продеканите на високошколските институции на Универзитетот, како и други заинтересирани поединци кои ќе дебатираат за можностите и перспективите на надарените и талентираните во студентската популација.