Press "Enter" to skip to content

Примариус д-р Таше Трпчевски одржа предавање во клиниката “Жан Митрев“ (фото)

Неодамна примариус д-р Таше Трчевски неодамна одржа предавање на стручниот состанок во клиничката болница “Жан Митрев“, во организација на Здружението за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија и Македонското лекарско друштво.

Предавањето на тема “Хистерскопска ресекција на комплетен септум на утерус” од страна на д-р Трпчевски, како претставник на Специјалната болница за гинекологија и акушерство “Плодност“, беше одлично прифатено и оценето од присутните стручни лица.Д-р Трпчевски, кој важи за еден од пионерите во примената на хистероскопијата кај нас, секогаш со своите предавања предизвикува огромно внимание, затоа што со иновативноста, стручноста и компетентноста им нуди нови и современи методи и предизвици на своите колеги.

Прим. д-р Таше Трчевски редовно има покани, на кои одговара, и одржува предавања кои се прифатени од страна на посетителите, а неодамна во преполната сала на Народниот театар имаше и предавања за мотивација.