Press "Enter" to skip to content

Се одржа 31. седница на Советот на општина Битола

Денес се одржа 31.  седница на Советот на Општината Битола, која ја закажа претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, на која покрај предложените точки на дневниот ред беше додадена уште една. 

На седницата се распаваше по извештај за реализација на Програмата за организирање и функџионирање на зимската служба на подрачјето на Општината Битола за сезоната 2018/2019 година, а таа точка предизвика и најголемо внимание кај советниците.

Потоа беа точките од дневниот ред: одлука за донесување на Техничка исправка во графичките прикази и текстуалниот дел од планската документација на ДУП за Станбена заедница 4 и 2 Реонски центар Запад Блок 2 – Општина Битола и одлука за давање на подвижни ствари 3 (три) камини тип „Бисер М“ на трајно користење на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Бистрица Битола.

Како дополнение на дневниот ред беше прифатена точката за давање согласност на ЈП „Нискоградба“ за цените кои ова јавно претријатие ги утврди за користење на полигонот за полагање на возачка дозвола, со кој стопанисува ова јавно претријатие, која ја предложи советникот Методија Илиевски, координатор на советничката група на СДСМ.