Press "Enter" to skip to content

Во градскиот парк поставена спомен-плоча за загинати италијански војници во Прва светска (фотогалерија)

Денес со воени и црковни почести во градскиот парк беше откриена спомен плоча во чест на загинати италијански војници во Првата светска војна, кои загинаа во овие краишта, а се бореле на Македонскиот Фронт.Спомен плочата ја постави Амбасадата на Република Италија во Скопје, во соработка со општина Битола и македонските министерства за одбрана и култура, а ќе сведочи за периодот од 1916 до 1918 година, односно за времето кога италијанскиот контингент со околу 50 илјади војници пожртвувано се борел на фронтот што се протегал од планината Баба па се до највискиот врв на планината Ниџе, Кајмакчалан.Спомен плочата ја открија италински војници-карабинери, кои имаа свечена стража заедно со македонските војници.Со текстот напишан на спомен плочата се посочува дека 3.000 италијански војници ги загубиле своите животи, а имало и над 5.000 повредени и исчезнати од 35-тата пешадиска девизија, кои биле стационирани во тогашното село и свиокот на Црна Река.-Голите бројки неможат да ги раскажат страотните страдања што тие ги претрпеле, нити да ја измерат честа и храброста на италијанските борци во текот на трите тешки години војување, пишува на спомен плочата откриена во Битола.-На оваа свечена церемонија оддаваме почит на италијанските војници учесници на Македонскиот фронт. Повеќе од 3 000 војници со сигурност тука загинале, на повеќе од 5 000 војници и денеска не им се знае трагата, во тешки и крвави години, а по 100 години од Правата светска војна конечно го инаугурираме овој споменик, рече амбасадорот Карло Ромео.На приситните им се обрати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и военото аташе на Република Италија во земјава, полковникот Џузепе Монталто.Цвеќе покрај амбасадодот Ромео, градоначалникот на Битола Петровска, военото аташе Монталто,  положија и делегација на Советот на општина Битола предводена од претседателот Валентин груевски, и дел почесните битолски конзули.Миса одржа католички свештеник заедно со претставнички од редот на сестрите во Битола.

С.Р.