Press "Enter" to skip to content

Комплетен извештај на “Земи здив“ за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола во февруари

Во Малата сала на НУ Центар за култура Битола беше презентиран Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола во месец февруари 2019 година.

Платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух “ЗЕМИ ЗДИВ“ – Битола располага со 7 (седум) мерни станици кои се распоредени на различни локации низ град Битола (прилог карта од станиците).

Во текот на месец февруари 2019 год. во функција беа 3 (три) мерни станици на следниве локации: Широк Сокак, Симпо и Дрвен Пазар од кои се генерирани податоците во Извештајот. Од станиците на Министерството за животна средина, на најмало растојание од трите наведени станици се наоѓа Битола 2 (до ЈП “Стрежево“) и истата е искористена за споредба на добиените податоци.

Врз основа на прикажаните графикони кај сите мерни станици загадувањето на воздухот генерално осцилира подеднакво, но сепак во одредени периоди се забележуваат повисоки или пониски вредности кои зависат пред се од локалните загадувачи околу мерните станици и струењето на воздухот.

За целиот период на Февруари забележителни се секојдневни осцилации на загадувањето, при што, највисоките концентрации најчесто се јавуваат во вечерните часови меѓу 19 и 23 часот или во утринските часови меѓу 9 и 12 часот.

Највисоки концентрации на ПМ10 и ПМ2,5 честички во текот на месец Февруари се забележани:

– Широк Сокак: на 09.02.2019 год. (меѓу 20 и 23 часот) од 168 до 178 µg/m3 за ПМ10 и од 127 до 162 µg/m3 за ПМ 2,5

– Дрвен пазар: на 09.02.2019 год. (меѓу 20 и 23 часот) од 109 до 220 µg/m3 за ПМ10 и од 80 до 162 µg/m3 за ПМ 2,5

– Симпо: на 24.02.2019 год. (меѓу 18 и 21 часот) од 108 до 171 µg/m3 за ПМ10 и од 80 до 125 µg/m3 за ПМ 2,5

Максимални концентрации на ПМ10 честички во воздухот не смеат да надминат 50 µg/m3, а за ПМ 2,5 не смеат да надминат 25 µg/m3.

Врз основа на обработените податоци и добиените среднодневни концентрации на ПМ10 честички во месец Февруари, кај сите мерни станици е забележително надминување на среднодневните максимални концентрации од 50 µg/m3 и тоа во 50 до 60% од деновите во месецот.

Се забележува дека релативно почист простор е во регионот на Областа односно Симпо, а најзагадено е централното градско подрачје, особено делот на Дрвен пазар и Битола 2.