Press "Enter" to skip to content

Утре дефиле на новоформираните училишни сообраќајни единици

Утре на пладне на плоштадот “Магнолија“  ќе се промовираат новоформираните училишни сообраќајни единици во кои членуваат 80 ученици од сите општински училишта.

Новоформираните училишни сообраќајни единици формирани и обучени по препораките на Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, а со цел унапредување на сообраќајната едукација на децата, што останува примарна цел во фунционирањето на Локалниот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка на СВР Битола и општина Битола.

Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола во соработка со СВР Битола во изминатиот период организираше обука за формирање на  4 училишни сообраќајни единици.