Press "Enter" to skip to content

Подобро второ полувреме и победа на Пелистер над Бутел (фото)

Пелистер – Бутел 30:28 (13:13)

По изедначеното прво полувреме со по 13 гола во двете екипи и по девер израмнувања, “пелистерци“ го “скршија“ Бутел во средината на второто полувреме, кога од -2 стигнаа до +4, а до крајот се беше формалност.Првото полувреме донесе изедначен ракомет, а на моменти Пелистер водеше со +2, а потоа и +1 за Бутел за реален резултат 13:13 по 30 минути.Второто полувреме започна со исто темпо и исто резултатска движење како првото, со тоа што Бутел имаше предност оф гол-два на неколкупати, а Пелистер изрмани на 19:19. По израмнувањето Бутел побара одмор, но тоа не им смени многу, па потоа Пелистер со неколку контра напади и сигурна реализација стигна до 26:22, пред завршните десет минути.Последните минути беа само формалност, бидејќи се виде дека гостите немаа сили за пресврт.Поповиќ и Станојевик постигнаа по осум гола за Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »