Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: се расчисти кај Дулието со најава за трговски центар, кој уште не се гради

Пред десет години токму во ова време битолчани слушнаа вест дека кај Дулието ќе се гради трговски центар,  а затоа е започнато чистењето на голема парцела од старата млекара се до сервисот кај бензинската пумпа, се сеќава Димче Миновски, доајен на битолското и македонското новинарство.

Но, иако се таму се срушија зградите на градежното претријатие “Бетон“, таму беше нивниот стопански двор и гаражите, големите бетонски корита каде “гаснеа“ вар за свои потреби и некои помали објекти на “Пелагонија Комерц“, изградбата на новиот трговски центар кој го чекаа битолчани, посебно од овој дел на градот не започна.

Првично се зборуваше дека трговиот центар ќе го гради компанијата “Торпедо“ од Битола, па словенски “ТУШ“, но ништо не се случи од тоа, а просторот, расчистен, чека нов инвеститор.