Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник со петтиот пораз во групата ја заврши европската пролет

Татабања – Еурофарм Работник 30:27 (12:13)

Ракометарите на Еурофарм Работник со петтиот пораз ја затворија групната фаза од ЕХФ Купот, а денес се поразени од унгарскиот претставник, екипата на Татабањасо 30:27.

Инаку, почетокот на натпреварот бил за битолчани и поведоа со 1:3, а домаќинот да поведе за брзо до 5:3. Потоа следуваше средување на редовите на Еурофарм Работник, па така по добра игра на полувреме “фармацевтите“ имаа гол предност 12:13.

На почетокот на второто полуврме зголемана предноста на Еурофарм Работник на +2 (12:14), а првото израмнување во второто полувреме беше 16:16, по што следуваше добра игра на домаќинот на водство +2 (20:18), потоа и +4 (23:19) а следуваа и највисоки +5, за на крај да заврши 30:27.

Најдобри стрелци кај Еурофарм Работник Остроушко со девет голови и Маркоски и Граџан со по четири постигнати гола.

More from СпортMore posts in Спорт »