Press "Enter" to skip to content

По драматични завршници по сетови пораз на Пелистер Волеј (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Виктори Волеј  1:3 (17:25, 24:26, 29:27, 20:25)

Прва Државна Лига на Македонија, втора фаза 1 (7. коло)

Спорска сала: средно медицинско училиште 

Судии: Амбарков и Жабев.Пелистер Волеј:  Сара Димовска 16, Софија Петличковска 11, Симона Стојановска 11, Ева Трпеновска 6,  Матеја Марковска 4, Изабела Димовска 3, Ивана Белокозовска 2, Ивона Димитриевска 2, Тамара Жабјановска 2, Ана Пејовска 1, Леонида Лумбуровска 1.Одбојкарките на Пелистер Волеј одиграа содржаен натпревар со голема неизвесност, особено во вториот и третиот сет, кога во двата сета имаа 24:24, но за жал кога играаа на два добиени поени не се снајдоа и пропуштија позитивен резултат. Ова е сосема заслужена победа за гостинската екипа, но и победа на страната на Пелистер Волеј немаше да е незаслужена.Тренерот на Пелистер Волеј по завршувањето на натпреварот, кратко рече:-Пелистер Волеј доминираше во блокот но и со одличен напад и штета што не го наплативме тој многу значаен сегмент од играта, со победа и 3 бода, а тоа ќе им значеше многу на овие млади одбојкарки за поголема самодоверба. Вака им останува само искуството, но за жал преку пораз и да се учат на грешките кои ги направија.Пелистер освои вкупно 59 директни поени, 38 од напад, 13 блока и 8 АС сервиси.

More from СпортMore posts in Спорт »