Press "Enter" to skip to content

Паркингот кај Клиничка болница го раководи болницата, 2 часа 30 денари

Од денес, 1 април, паркингот во Клиничка Болница Битола започна со работа -наплата раководена конечно од страна на клиниката, инфомираа денес преку соопштение од болницата.Според ценовникот, кој е истакнат на влезот во Болницата, првите 15 минути се бесплатни, за 2 часа цената е 30 денари и секој нареден час се наплатува +30 денари, а за секоја загубена паркинг картица се наплатува 500 денари.

Во недела влезот е слободен.Во тек е тендер за набавка на автоматска централа за самонаплата со што паркингот ќе работи 24 часа.