Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Впрегнат коњ во колска кола, по Широк Сокак, точно на пладне

Коњ впрегнат во колска кола помуваше по Широк Сокак во најголемата гужва точно на пладне натоварен со стара дограма, када и друг материјал, а товарот беше необезбеден, само со едно јаже.

А сето тоа за време додека најмалите битолчани вчера ја направија улицата Широк Сокак најшарена и највесела и имаа дефиле под маско за априлијадата.Битолчани кои таму со право реагираа како може да се движи вака кога има најголема гужва, а посебно кога тами имаше стотици деца, а што би било ако коњот оставен сам некое време се вознемиреше од гужбата.

И да е комплетна прикаската, на колската кола се “возеа“ и три дечиња, крајно несовесно и небезбедно.