Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарено “рено меган“, измамена старица за 10.000 денари и редовни сообраќајни контроли

Во СВР Битола било пријавено дека на улица “Батаљон Стив Наумов” во Битола настанал пожар во патничко возило  “рено меган“  без  регистарски ознаки, сопственост на Т.Д.Д.. Извршен бил увид на местото.

82-годишна жена од Битола пријавила дека истиот ден околу 10.30 часот била измамена од непознато лице. Според пријавеното, во нејзиниот дом во Битола лицето  и понудило огревно дрво по цена од 2.500 денари за метар кубен. Таа му дала 10.000 денари, а тој требало за 20 минутида и донесе четири метри кубни огревно дрво. Лицето не се појавило подолго време и таа заклучила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 2 април  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување  првенство, исправност на возилата, сигурносен појас… Притоа,  контролирани се вкупно 410 возила и возачи и било констатирано дека осум возачи ја надминале дозволената брзина, четири возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирано било едно возило , еден возач не користел сигурносен појас, а 15 возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.