Press "Enter" to skip to content

Фото вест: тротоарите за учениците, нема повеќе паркирање околу ОУ “Даме Груев“

Со цел да им се обезбеди поголема сигурност на децата при доаѓањето и влезот во училиштето и потребата да го користат тротоарот се поставуваа столбови пред училиштето ОУ “Даме Груев“, чиј тротоар најчесто беше узурпиран од возила, па децата, наместо по безбеден тротоар, мораа до влезот на училиштето да одат по прометна улица.

Екипи од ова јавни претпријатие на терен работеа пред училиштето „Даме Груев“, каде го оградуваа тротоарот, на радост на децата и родителите од овој ден на Битола.

Ова се реализира во рамките на договорот за поставување на сообраќајни знаци и столбови на дел од битолските сообраќајници, склучен помеѓу Општина Битола и КЈП „Нискоградба“.