Press "Enter" to skip to content

Гордана Силјановска-Давкова, на митинг на “Магнолија“, се претстави пред битолчани (фотогалерија)

Покрај Силјановска-Давкова на митингот кој се одржа вечерва на “Магнолија“, пред битолчани зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.На митингот кој вечерва се одржа на плоштадот “Магнолија“ во Битола, пред битолчани се претстави кандидатот за претседател на државата, Гордана Силјановски-Давкова. Таа им се заблагодари на битолчани за поддршката, а своето обраќање го започна со загадувањето на воздухот во Битола, нагласувајќи дека Битола е еден од најзагадените градови во Македонија. Потоа, таа ја искоментира посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој што пред неколку дена беше во земјава и беше пречекан без интонирање на македонската химна.-Химната е државата. Државата е химната, химната е македонската историја, химната повикува на македонските правдини и судбина ни било да се бориме за неа, рече Силјановска- Давкова.Посочувајќи го нејзиниот слоган во кампањата за престедател “Правда за Македонија“ таа ги коментирше и пресудите за настаните од 27. април ивети дека ќе ја врати правдата во Македонија.-Во Македонија има селективна правда и дека со таква правда не се стигнува до Европската унија и до НАТО, нагласи таа, а за најзиниот иден претседателски мандат додаде:-Ќе побарам укинување на привилегиите на претседателот, не е добро да се биде привилегиран кога народот се бори за опстанок.На митингот зборуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, кој се осврна на повеќе моменти, на повикот на Заев да се откаже од се откаже од политиките на ВМО-ДПМНЕ изминатите 11 години, а го запраша Заев дали е подготевен да се извини кога ќе застане пред битолчани.-Како дел од првата и втората генерација на партијата и предводник на третата, сакам да кажам дека вмровците не се откажуваат и никогаш нема да се откажат и се борат за секој човек во ВМРО-ДПМНЕ, а упатеното прашање за Заев рече:-Господине Заев ќе ве прашам дали ќе соберете храброст и да им се извините на битолчани за ТАТ, дали господине Заев ќе имате доблест и храброст да им се извините на битолчани заедно со вашата заменичка која беше тогаш претседател на подмладокот, за октоподот,  дали ќе им се извините за транзицијата, за и уништената та економија,  за луѓето кои што доаѓаа со натажени погледи и си ги гледаа своите чеда бидејќи ќе не можат да им го платат школувањето.Мицковски упати порака, веднаш после претседателските да се формира техничка влада и да се организираат предвремени парламентарни избори на есен, каде граѓаните ќе одлучат дали се за проба против заевизмот или за завидлизмот.