Press "Enter" to skip to content

Градското плеј-оф дерби за Еурофарм Работник, надмоќно го порази Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Работник – Пелистер 32:25 (18:9)Ракометарите на Еурофарм Работник по големиот триумф над Металург, во второто коло од раигрувањето за титулата во Суперлигата, забележа нова висока победа, овојпат над градскиот ривал Пелистер со што направија нов чекор кон второто место и СЕХА лигата.Дека Пелистер нема да се радува во спортската сала “Боро Чурлевски“ се виде уште на стартот на натпреварот, кога по почетните 4:0 за “фармацевтите“, тие лесно дојдоа и до 9:3. Еурофарм Работник и плус десет, кога резултатот беше 16:6, но на полувреме не се отиде со двоцифена предност, туку со +9 за Еурофарм Работник, 18:9, кој да споменеме и дека беа домаќини на овој натпревар.Ни, второто полувреме не донесе ништо ново, освен дека имаше мала иницијатива за Пелистер, кога успеаја малку да го намалат водството на Еурофарм Работник. Голманот на Еурофарм Работник, Трајковски имаше одличен ден, а треба да се спомене и црвениот картон на Никола Марковски по 10 минути игра во вториот дел. Потоа се “домашните“ имаа предност и од +13 гола, 30:17, но се опуштија и на крај се заврши со +7 (32:25).Во тимот на  Еурофарм Работник најдобри стрелци беа Остроушко со осум, како и Кузмановски и Ојлески со по шест голови.Кај Пелистер се истакна левото крило, Поповиќ, кој постигна седум голови , Кобетиќ со шест и Гуглета со пет.Екипата на Еурофарм Работник по две кола е лидет на табелата со две победи, но екипата на Вардар се уште нема одиграно натпревари во плеј-офот. Пелистер има само една победа.

More from СпортMore posts in Спорт »