Press "Enter" to skip to content

На “Магнолија“ одбележан Меѓународниот ден на Ромите (фотогалерија)

Во организација на невладината организација “Ромска ѕвеѕда“ денес се одбележа светскиот ден на Ромите, а прославата се одржа на плоштадот “Магнолија“.На прославата сите присутни ги поздрави претседателот на НВО “Ромска звезда“, Џевдет Џеловски, кој рече дека Ромите како прв проблем го имаат вработувањето.-Сакам од ова место да пратам порака до сите политичари, односно оние кои ја  водат власта, но и до политичарите од опозицијата да ги вработуваат граѓаните од ромската заедница. Ромите да бидат вклучени во образиованието, и сите заедно да придонесеме за развој на Македонија.На присутните им се обрати и претседателот на партијата на Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, кој им пренесе пораки до присутните Роми на централната битолска прослава.На прославата беше изведена и музичка програма во која учествуваа музичари Роми и нивни гости.Инаку, меѓународниот ден на Ромите, 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска.На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром. На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот.