Press "Enter" to skip to content

“Недела на австралиски филм“ и промоција на проект поддржан од австралиската амбасада

Амбасадата на Австралија во соработка со НУ Центар за култура-Битола од денес до 12 април организираат филмска ревија „Недела на австралиски филм“.

Културниот настан за филмофилите од Битола ќе го отвори амбасадорката на Австралија Рут Стјуарт, а според програмата ревијата ќе почне во 19:30 часот со проекција на филмот, комедија „Црвениот пес“, кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за најдобар филм на AACTA.

Амбасадорката Стјуарт во текот на денот во Битола ќе учествува и на промоција на проект за лица од ранливи категории, кој се реализира под наслов „Учи, работи, биди продуктивен“, имплементиран од “Лоотус Ј“ со поддршка од амбасадата на Австралија, на кој ќе биде присутна амбасадорката и конзулот на Австралија.