Press "Enter" to skip to content

ОУ “Даме Груев“ дел од проектот “Малцинствата во Европа“ од “Еразмус+“ (фото)

Основното училиште “Даме Груев“ е дел од проектот “Еразмус +“  финансиран од Европската комисија и под надзор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност .

Проектот “Малцинствата во Европа“ се реализира во партнерство со уште 4 земји Германија, Шпанија, Турција и Романија со едно единствено мото сите млади луѓе да се борат против предрасудите, борба против сите форми на дискриминација и подготовка на сите млади луѓе кои се нашите главни перспективи  а тоа е – “да комуницираат позитивно со своите врсници од различно потекло“.Во таа насока беа  реализирани  активностите  од нашата втора мобилност во Германија, во градчето Траунреут од 31.03 до 05.04 .2019 година посочи  координаторот на овој проект Соња Јанкуловска заедно со уште 2 наставнички Кети Неделковска и Снежана Ристовска и  4  наши ученици.

Во текот на нашиот престој се реализираа две работилници за социјално вклучување каде  учениците можеа да видат дека  добро работат,играат, соработуваат и покрај нивните разлики и ги разиваат своите  инклузивни вештини и запознај го подобро твојот другар –работа во повеќе групи и разговор за подобромеќусебно запознавање.