Press "Enter" to skip to content

Презентиран проектот на “Учи, работи, биди продуктивен“ на “Лотус Ј“ (фотогалерија)

Денес со присутво на австралиската амбасадорка – Рут Стјуарт, градоначалничката – Наташа Петровска, претседателот на Советот – Валентин Груевски и други гости во ресторанот “Корзо“, м-р Симона Јовеска од “Лотус Ј“ центарот, го презентира проектот нaсловен “Учи, работи, биди продуктивен“.Преку овој проект „Учи, работи, биди продуктивен “, “Лотус Ј“ центарот, ќе врши обуки и курсеви на лицата од ранливи категории, од Битола и пошироко и ќе им обезбеди можности за подобра иднина на овие лица.-Тука, во овој прокет ќе се пронајдат лица од секаков вид на ранливи категории, кои ние од  “Лотус Ј“ центаро ќе се обидуваме да ги споиме, бидејќи сите, на некој начин, сме ранливи. Сакаме лицата да научат на функционираат заедно за заедно и да придонесат кон создавање на едно подобро утр, но прво да научиме да работиме заедно и соработуваме, рече м-р Симона Јовеска од “Лотус Ј“ центарот на денешната презентација на проектот.Носителката на проектот, м-р Симона Јовеска им порача на претставниците на бизнис заедницата да вработуваат лица од ранливите категории и да им подадат рака за подобар заеднички живот.“Учи работи, биди продуктивен“ како проект ја има поддршката од Австралиската Амбасада, а нерезидентниот амбасадор на Австралија за Македонија, Србија и Црна Гора со седиште во Белград, нејзината екселенција Рут Стјуарт, додаде:-Овде може да се увериме дека нашите заложби за подобра шанса на пазарот на трудот на лицата од ранливите категории се испочитувани, а истовремено ја даваме поддршката и на што поголема застапеност на жените на пазарот на трудот. Тие тоа го што заслужуваат и се доста упорни и можеме да научиме многу од нив.-Ова е уште еден доказ дека секој хендикеп, од било каков вид, не треба да претставува пречка на патот на успехот на секоја индивидуа, која има јасна цел.Инклузијата на лицата со потешкотии во локалната самоуправа е исклучително значајна. Ме радува што ја потврдивме поддршката која што ја дала во изминатиот период Австралија, а и во овој проект, рече градоначалничката Петровска.Овој проект е наменет и и потребен на овие лица за да ја добијат потребната едукацијата, а дел од нив неможат да си дозволат дополнителна едукација и личен развој,  а тоа им гоовозможува проектот на “Лотус Ј“ центарот.“Учи, работи, биди продуктивен“ на “Лотус Ј“ центарот започна да го имплементира проектот во месец февруари, а ќе заврши до јуни. Со проектот досега се опфатени 60 до 70 лица,  а до завршување ќе да бидат вклучени 150 лица.На презентацијата на проектот се претставијa со музичка програма учениците во “Анастасија“ центарот и деца со попречености.На крајот од презентацијата сите присутни и се вклучија во изработка на слика со отпечаток од прст на платно.