Press "Enter" to skip to content

Сениорките на Пелистер Волеј поразени, кадетките оштетени од судиите

Викендов првенствени натпревари одиграа сениорките и кадетките на одбојкарскиот клуб Пелистер. Сениорките настапија во Првата државна лига и се поразени од екипата на Јанта Волеј на гостувањето со резултат 3:0, по сетови 25:22, 25:16, 25:19.

Одбојкарките на Пелистер освоија вкупно 34 директни поени, 21 од напад, 6 од блок и 7 АС сервиси, а поените ги освоија: Софија Петличковска 11, Теодора Андоновска 6, Симона Стојановска 6, Сара Димовска 5, Изабела Димовска 3, Матеја Марковска 2 и Ивана Белокозовска 1.

Кадетките на Пелистер Волеј играа во 1/4 финале (втор натпревар) против екипата на Работнички Жени – Пелистер Волеј, каде со  огромна помош на судиите кон домаќинот се поразени со 3:0, по сетови 27:25; 25:19; 28:26.-Изгубија и сениорките но немаме забелешки и им честитавме, но кадетките на Пелистер Волеј се повторно опљачкани.  Пелистер Волеј е победен во завршницата, само поради судиска неправда. Само ќе додадам што е најинтересно, сé е ова со умисла, a не од незнаење, за што говорат фактите на теренот, за кој ние имаме видео снимка (која секако на никој ништо нема да му значи, освен нас). Ова е срам за сите кои го водат овој спорт, срам од која никој не се срами, најмалку оние кои судат и креираат вештачки победи, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј и додава:

-Злото кое го нанесувате со ваквото судење на овие деца скапо ќе не чини сите и нас… и вас. Се сé направи да се одигра ново 1/4 финале со само 1 судија, нешто што го насетивме на време, за што по нашата навремена реакција мораше да се одработи план Б.

Кадртките освоивме 48 директни поени, 26 од напад дури 14 АС сервиси и 8 директни поени од блок. Поените ги освоија: Ана Пејовска 15, Ева Трпеновска 9, Андреа Стојановска 7, Ивона Димитриевска 4, Теона Богдановска 4, Ања Ристевска 3, Ивана Белокозовска 3, Стефани Најдановска 3.

More from СпортMore posts in Спорт »