Press "Enter" to skip to content

Во Клиничката болница одбележан Светскиот ден на здравјето (фото)

По повод Светскиот ден на здравјето во Клиниката болница во Битола се одржа собир на медицински лица и други вработени во установата, како и од ЈЗУ Здравствен дом.

На присутните им се обрати директорот на клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ д-р Зоран Лазаров и претставникот на синдикатот за здравство, претседателот д-р Љубиша Каранфиловски, кои им го честитаа Денот на здравствените работници.По повод  Светскиот ден за здравјето, беа доделени благодарници за најуспешните здравствени работници и на оние здравствени работници кои заминуваат во пезнија.

Инаку, Светскиот ден на здравјето се одбележува од далечната 1950 година, а одбележувањето го започна Светската здравствена организација. Целта е да се сврти вниманието на најзначајните теми со здравјето, а оваа година темата на одбележувањето беше “Универзална здравствена покриеност, здравје за сите, здравје насекаде“.